Обука “„CE-означувањето како предуслов за слободно движење на производите во ЕУ“

На 17 Јуни 2014 год.., Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше еднодневна обука на тема „CE-означувањето како предуслов за слободно движење на производите во ЕУ“

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Раководител на одделението за акредитација на лаборатории за тестирање и Билјана Додевска Стојановска – Државен советник за евро-интеграции и меѓународна соработка при Министерството за економија на РМ. Обуката како и досега беше организирана по принципот на тренинг курс при што учсниците преку предавањата имаа можност да стекнат нови и да ги унапредат своите дотогашни познавања поврзани со СЕ – означувањето на производите, политиките и целите.

На оваа обука земаа учество претставници од градежната индустрија, електро индустријата како и претставници од факултетите во Република Македонија, што е доволен показател за потребата од организација на ваков вид на обуки.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува поттик за МАКЛАБ во насока на остварување на дел од своите стратешки цели а тоа е организација на стручни советувања, семинари, предавања и обуки поврзани со примена на системи за унапредување на квалитетот како и меѓусебно известување, размена на искуства и дружење.

 

Одбележан ,,Светскиот ден на акредитацијата”

На покана на Институтот за акредитација на Република Македонија, Претседателот на македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела – МАКЛАБ, Мр. Магдалена Трајковска-Трпевска, присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата 09 јуни .
На нaстанот поздравни обраќања имаа:
– г-дин Спиро Ристовски, министер за образование и наука во ВладатанаРепубликаМакедонија.
– м-р Дејан Бошковски, генерален директор на АД ,,Електрани на Македонија”,
– м-р БорчеРазмоски, ПретседателнаСоветотна ИАРМи
– д-рТрпеРистоски, директорна ИАРМ.
Со овогодинешната тема на меѓународниот ден на акредитација, ,,Акредитацијата: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија“ се нагласува значењето и улогата на акредитацијата како и потребата за смалување на емисијата на гасови и потребата за воведување мерки во областа на енергетската ефикасност.
На настанот присуствуваа бројни гости, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност, како и претставници од електроенергетскиот сектор и научно-образовните институции.
Во рамките на свеченоста бeа промовирани Годишниот извештај за работата на ИАРМ за 2013 година, наменска брошура на тематика на годинешното мото и видео материјалот за работата на Институтот.

Обука “Подготовка за акредитација на лаборатории по стандардот МКС EN ISO\IEC 17025:2006”

На 24 и 25 Април 2014 год., Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше дводневна обука на тема “Подготовка за акредитација на лаборатории по стандардот МКС EN ИСО/ИЕЦ 17025:2006.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Рководител на одделението за акредитација на лаборатории за тестирање и ѓ-а Анита Талаја борота – Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање.
Обуката како и досега беше организирана по принципот на тренинг курс при што учсниците преку предавања, вежби и размена на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006.

На оваа обука земаа ушество 23 учсници од лабораториите за тестирање и калибрација од повеќе области што е доволен показател за потребата од организацијата на ваков вид на обуки.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува поттик за МАКЛАБ во насока на остварување на своите стратеши цели а тоа е унапредување на копетентноста и квалитетот на лабораториите и и нспекциските тела во РМ.

Обука “Управување со документација и компетентност на персоналот во медицински лаборатории согласно МКС EN ISO 15189:2013 и Национални барања за акредитација на медицински лаборатории“

Согласно предвидената програма за работа во 2014 година, Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше дводневна обука на тема“”Управување со документација и компетентност на персоналот во медицински лаборатории согласно
МКС EN ISO 15189:2013 и Национални барања за акредитација на медицински лаборатории“

Обуката предизвика голем интерес кај медицинските лаборатории во состав на Клиничките центри во Скопје, Битола и Штип, како и кај лабораториите во состав на приватните клиники.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, ѓ-а Анита Талаја Борота – Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање и Лирим Исахи – претставник на Министерството за здравсто на РМ.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува потврда за подршката која здружението ја дава во процесот на акредитацијата на медицинските лаборатории во РМ.

Обука за Примена на меѓународниот стандард MKC ISO 15189:2010 – акредитација на медицински лаборатории

Во рамките на својата програма за работа за 2014 година, Здружението МАКЛАБ на 12 и 13 ноември 2013 год. организираше обука на тема “Примена на меѓународниот стандард MKC ISO 15189:2010 – акредитација на медицински лаборатории“. Оваа обука предизвика голем интерес кај медицинските лаборатории и на истата присутвуваа 40-тина слушатели од лабораториите во состав на клиничките центри во Скопје, Тетово и Битола, лабораториите при медицинскиот факултет во Скопје, лабораторијата на МАНУ, лабораториите во состав на приватните клиники и други. Истата од страна на учесниците беше оценета како успешен чекор во насока на отпочнување на процесот за акредитација на медицинските лаборатории во РМ.

Учество на меѓународната конференција „КОМПЕТЕНТНОСТ НА ЛАБОРАТОРИИ 2013„ Опатија, Република Хрватска

Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ во насока на промовирање на работата на здружението во регионот и пошироко учествуваше на Деветтата меѓународна конференција „Компетентност на лаборатории 2013„ која се одржа во Опатија, Република Хрватска од 6-9 ноември 2013 година. Во рамките на оваа конференција беше одржана и работилница наменета за регионалните здруженија на телата за оцена на сообразност на која присуствуваа претставници од национални здруженија, министерства и тела за акредитација од регионот. На оваа работилница, на која на покана на г-н Дејвид Норис, водител на проектот „Инфраструктурата за квалитет во земјите од Западен Балкан и Турција„ , претседателот на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска одржа презентација со која го промовираше здружението пред присутните од земјите од регионот. Исто така на работилницата беа разгледувани и можности за формирање на регионална асоцијација на национални здруженија на тела за оцена на сообразноста која беше подржана од страна на присутните.

Обука за Примена на меѓународниот стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2006

Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ, согласно својата програма за работа во 2013, организираше дводневна обука за примена на меѓународниот стандард MKC EN ISO/IEC 17025:2006. Обуката се одржа на 4-ти и 5-ти Јули 2013 година во просториите на ИАРМ. Обуката ја посетуваа слушатели од голем број на лаборатории од различни области. Во текот на обуката слушателите преку интерактивна дискусија со предавачите имаа можност да ги надградат своите знаења во однос на стандардот MKC EN ISO/IEC 17025:2006. Исто така составен дел на обуката беа и вежбите поврзани со реални ситуациии при имплементција на MKC EN ISO/IEC 17025:2006 кои значително им помогнаа на слушателите при разрешување на нивните дилеми и прашања во однос на овој стандард.

Меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013„

Меѓународната конференција “Квалитет и компетентност 2013“ во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за акредитација на Република Македонија се одржа од 13-15 јуни 2013 година, во хотел Метропол во Охрид. Оваа конференција се организираше со цел развој и унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и инспекциските тела во Република Македонија преку презентирање на сопствените искуства и разменување на искуства со лабораториите, инспекциските тела и институциите за квалитет од регионот и пошироко.
Конференцијата „Квалитет и компетентност 2013“ започна со свечениот коктел за добредојде на 13 јуни 2013 година. На свечениот коктел присутните беа поздравени од страна на претседателот на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска, и директорот на ИАРМ, д-р Трпе Ристоски кои притоа го истакнаа значењето на конференцијата како можност за разменување на искуства и идеи во насока на унапредување на квалитетот и компетентноста во сите аспекти.

 

 

 

 

Работниот дел на конференцијата “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013„ започна на 14 јуни 2013.
Во име на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ, конференцијата за отворена ја прогласи претседателката на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска.

 

 

 

 

Во своето обраќање до учесниците , претседателката на МАКЛАБ ги истакна целите на конференцијата и тоа:
– Развивање и потик на можности за соработка меѓу лаборатории и инспекциски тела на национално и интернационално ниво
– Истакнување на потребата од континуирано задоволување на техничките и организационите барања на системите за квалитет со кои се изразува компетентноста на лабораториите
– овозможување на корисни стручни предавања од страна на компетентни автори.
Исто така беше истакнато дека оваа конференција претставува одлична можност за дружење помеѓу учесниците со цел размена на искуства и акцептирање на нови информации за квалитетот и компетентноста.

 

 

 

 

Поздравно обраќање на отварањето на конференцијата “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013„ имаше и заменик министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија, г-н Стево Темелковски. На отварањето на конференцијата “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013„ свое обраќање имаа и г-н Јири Собола, претседател на Европската федерација на национални асоцијации на лаборатории ЕУРОЛАБ, г-н Борче Размоски – претседател на советот на ИАРМ, г-ѓа Штефица Церјан Стефановиќ-претседател на КРОЛАБ , г-н Ранко Николиќ – директор на акредитацикото тело на Црна Гора и г-ѓа Јасна Стојановиќ – директор на акредитациското тело на Србија.
На конференцијата “Квалитет и компетентност 2013“ учествуваа повеќе од 90 учесници кои во текот на конференцијата го искажаа својот заеднички интерес за тематските целини на конференцијата и споделувањето на индивидуалните искуства за заедничките теми и проблеми. Особено радува фактот што на оваа прва конференција во Македонија посветена на квалитетот и компетентноста имавше голем број учесници како од Р. Македонија, така и од Србија, Хрватска, Бугарија, Црна Гора, Турција и секако претседателот на ЕУРОЛАБ, г-н Јири Собола кој доаѓа од Чешка.

 

 

 

 

 

Учесниците на конференцијата покажаа голем интерес во текот на работните сесии на конференцијата вклучително и во текот на регионалната средба на националните тела за акредитација. Елаборираните теми во секоја од тематските целини предизвикуваа исклучително интересни прашања и дискусии кои дополнително придонесоа за ефективноста на конференцијата.

 

 

 

 

Исто така во рамките на конференцијата беше организирана туристичка прошетка низ Охридското езеро со брод и посета на Охрид со која на учесниците на конференцијата им беше овозможено да се запознаат и да уживаат во природните убавини на Охридското езеро и Охрид.
Со организацијата на оваа конференција, МАКЛАБ заедно со ИАРМ, како нејзини организатори значително допринесоа кон промовирањето на квалитетот како значаен фактор за развој на економијата. МАКЛАБ како здружение на лаборатории и инспекциски тела, преку организација на ваков тип на стручни средби отворени за целокупната јавност, има за цел да ја истакне вистинската улога на лабораториите и инспекциските тела на домашниот и светскиот пазар на услуги и производи.

Здружението МАКЛАБ го одржа Годишното собрание за 2013 година

На 22.04.2013 година МАКЛАБ го одржа Годишното собрание за 2013 година. Извештајот за работата на МАКЛАБ за 2012 година и Програмата за работа за 2013 година беа презентирани од страна на Претседателот М-р Магдалена Трајковска Трпевска и истите беа усвоени од страна на Собранието. Исто така претставниците на членките на МАКЛАБ беа запознаени со активностиоте кои се превземаат за организација на Меѓународната конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2013“.

МАКЛАБ стана членка на Европската Федерација на Националните Асоцијации на Лаборатории ЕУРОЛАБ

Како резултат на повеќемесечната интензивна комуникација со Секретаријатот на ЕУРОЛАБ,  Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ во месец Април 2013 година доби покана да стане член на Европската Федерација на Националните Асоцијации на Лаборатории.

Приемот на МАКЛАБ во ЕУРОЛАБ беше направен во рамките на Генералното собрание на ЕУРОЛАБ што се одржа од 8-ми до 10-ти Април во Вурден, Холандија. На барање на  Претседателот на ЕУРОЛАБ,  г-н Јири Собола, претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска се обрати пред собранието на ЕУРОЛА при што го презентираше Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ и неговата улога во здружувањето на лабораториите во република Македонија. Во оваа свечена прилика претседателот на ЕУРОЛАБ официјално го потпиша сертификатот за прием на МАКЛАБ во Европското семејство на Национални асоцијации на лаборатории.

Членството на МАКЛАБ во ЕУРОЛАБ е од исклучително значење за македонските лаборатории и нивниот настап на европскиот пазар, но и генерално за Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија.