Во рамките на својата програма за работа за 2014 година, Здружението МАКЛАБ на 12 и 13 ноември 2013 год. организираше обука на тема “Примена на меѓународниот стандард MKC ISO 15189:2010 – акредитација на медицински лаборатории“. Оваа обука предизвика голем интерес кај медицинските лаборатории и на истата присутвуваа 40-тина слушатели од лабораториите во состав на клиничките центри во Скопје, Тетово и Битола, лабораториите при медицинскиот факултет во Скопје, лабораторијата на МАНУ, лабораториите во состав на приватните клиники и други. Истата од страна на учесниците беше оценета како успешен чекор во насока на отпочнување на процесот за акредитација на медицинските лаборатории во РМ.