MАКЛАБ

Македонско здружение на лаборатории и инспекциски тела

За здружението

Македонското здружение на лаборатотии МАКЛАБ е формирано во 2011 година како резултат на потребата од здружување на лабораториите во Р.Македонија со цел застапување на нивните заедничките интереси и промовирање и унапредување на нивната меѓусебна соработка. МАКЛАБ е невладино и непрофитно здружение кое своето дејствување го базира врзоснова на принципите, целите и задачите искажани во Статутот на здружението.

Членство

Членството во Здруженито МАКЛАБ го сочинуваат лаборатории за тестирање, анализи и калибрација од најразлични области како:


- Заштита на животната средина и заштита при работа

- Заштита од јонизирачко зрачење

- Прехрамбена индустрија

- Експлоатација на руди

- Центри за јавно здравје во РМ

- Медицински лаборатории

- Фармацевтска индустрија

- Испитување на градежни материјали и др.


Согласно Статутот на здружението МАКЛАБ членството може да биде колективно или индивидуално.


Членки на здружението може да бидат:

- Лаборатории регистрирани како правни субјекти во Р.Македонија

- Лаборатории како дел од регистрирани правни субјекти во Р.Македонија

- Други правни лица регистрирани во Р.Македонија

- Секој полнолетен граѓанин, државјанин на Р.Македонија

Цели и програма

Компетентноста на лабораториите за МАКЛАБ е од исклучителна важност во насока на обезбедување на квалитетни лабораториски услуги од различни области, со цел развој и подигање на стандардите и квалитетот на севкупното живеење. Здружението МАКЛАБ своето делување го насочува кон остварување на следните цели:

НАСТАНИ

НАСТАНИ И СЛУЧУВАЊА

Со особена чест и задоволство искажуваме благодарност до учесниците на Шестата меѓународна конференција Квалитет и компетентност 2024 која се одржа од 26 до 28 октомври 2024 во хотел Силекс Охрид во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ. Конференција ја организиравме со цел промоција на квалитетот како имиџ ...
Во 2019 година продолжи соработката со Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ. Во ноември 2019 претседателката на МАКЛАБ како член на програмскиот одбор учествуваше на меѓународната конференција „Компетентност на лаборатории 2019„ во организација на КРОЛАб која се одржа во Цавтат. Во рамките на обраќањето пред присутните беше презентирана работата на МАКЛАБ и ...
Од 03-05 октомври 2019 се одржа Четвртата Меѓународна конференција “Квалитет и компетентност 2019“ во организација на МАКЛАБ. Вo текот на конференциските денови беа презентирани вкупно 21 труд од кои 16 преку усни презентации и 5 постерски презентации. Конференција беше организирана со цел промоција на квалитетот како имиџ на лабораториите и инспекциските ...
На 24 и 25 јуни 2019 како продолжение на обуката одржана во месец април, Маклаб организираше обука на тема “ Интерни проверувачи за лаборатории за тестирање и калибрација согласно ISO/IEC 17025:2017. Обуката предизвика голем интерес кај лабораториите за тестирање и калибрација. На учесниците на обуката им беше овозможено интерактивно да учествуваат ...
Во месец април 2019 МАКЛАБ организираше обука на тема “Како да се спроведе транзиција од ISO/IEC 17025:2005 во ISO/IEC 17025:2017 низ практични примери “. Предавачи на оваа обука беа експерти за имплементација на системи за квалитет од Република Србија и истата беше со голем интерес проследена од учесниците на обуката. Оваа ...

Следете не на социјални мрежи:

МАКЛАБ