МАКЛАБ организираше еднодневна обука на тема “Одредување на мерна несигурност“

Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше еднодневна обука на тема „Одредување на мерна несигурност“. Обуката се одржа во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 10 декември 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните лаборатории и инспекциски тела да им овозможиме да се запознаат со одредувањето мерна несигурност. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со мерната несигурност

Предавач на обуката беше м-р Јелена Бебиќ која има повеќегодишно искуство во оддржување тренинзи, меѓу кои има оддржано 13 тренинзи на тема „Принципи и употреба на метерологијата во хемијата“ , потоа тренинг курс на тема „Мерна несигурност“ во Директоратот за мери и драгоцени метали како и тренинг курс на тема „ Мерна несигурност“, со посебен акцент на обработка на статички податоци, пресметки на мерна несигурност и методи за валидација кај лаборатории за калибрирање, во Српската агенција за заштита на природата, при Министерството за животна средина.

На оваа обука земаа учество учесници од повеќе акредитирани лаборатории и инспекциски тела од различни области што само уште еднаш ни потврди дека ваков тип на обуки се навистина потребни.

МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема “Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17020:2006 и запознавање со измените во стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:201.

Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема „Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17020:2006 и запознaвање со измените во стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012“. Обуката се одржа во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 30 и 31 октомври 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните инспекциски тела да им овозможиме поблиску да се запознаат со стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2006 и измените кои се донесени во стандардот. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со сите точки во овој стандард и измените кои се досени во стандардот.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски -директор на ИАРМ, г-н Дејан Стојковски- Раководител на одделението за акредитација на инспекциски тела и г-дин Теодор Шутаров – координатор за акредитација на испекциски тела како најкомпетентни во однос на презентирање на барањата на стандардот 17020.

На оваа обука земаа учество ученици од повеќе акредитирани инспекциски тела од различни области, како и и компании кои допрва сакаат да се акредитираат што само уште еднаш ни потврди дека ваков тип на обуки се навистина потребни.

МАКЛАБ учесник на конференцијата „Компетентност на лабораториите“

Претставници на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ присуствуваа на конференцијата на тема „Компетентност на лабораториите“ која се оддржа од 10 до 13 Октомври во Шибеник, Хрватска.
Оваа конференција беше во организација на Хрватското здружение на лаборатории Кролаб, со кое МАКЛАБ има потпишано Меморандум за соработка.

На оваа конференција земаа учество претставници на лаборатории од Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина, а беше присутен и претставникот на Европското здружение на лаборатории, Eurolab, г-дин Јири Собола, со кој претседателката на МАКЛАБ, г-ѓа Магдалена Трајковска Трпевска, оствари средба и разговараше за идна соработка, односно приклучување на МАКЛАБ во здружението Eurolab.

МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема “Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17025:2006 во лабораториите за тестирање и калибрација„

Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема „Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17025:2006 во лабораториите за тестирање и калибрација„. Обуката се одржа вопросториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 04 и 05 јули 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните лаборатории да им овозможиме поблиску да се запознаат со стандардот МКС ENISO/IEC 17025:2006 и неговата примена во лабораториите за тестирање и калибрација. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со:

– менаџментските барања согласно точка 4 од стандардот и
– техничките барања согласно точка 5 од стандардот.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски -директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Раководител на одделението за акредитација на лаборатории за калибрација, г-ѓа Анита Талаја Борота – Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање иг-н Владимир Јаневски – Координатор за акредитација на лаборатории за калибрација како најкомпетентни во однос на презентирање на барањата на стандардот 17025.

На оваа обука земаа учество ученици од лаборатории за тестирање и калибрација од повеќе области што е врвен показател за интересот во однос на ваков тип на обуки. Учесниците на обуката се здобија со сертификати за успешно учество на оваа обука.

Одбележување на денот на акредитација

На покана на Иститутот за акредитација на Република Македонија, Здружението МАКЛАБ се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на акредитација. Свеченоста се одржа на 12.06.2012 во хотел Александар Палас.Претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска пред присутните претставници на Владата на Република Македонија, Министерството за економија, претставници на ИАРМ делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, претседавачот на Комитетот за мултилатерални договори на Европската организација за акредитација (ЕА-МАC), претставници на Акредитациското тело на Србија, соработници и претставници на телата за оцена на сообразност и новинари го поздрави потпишувањето на договорот за взаемно признавање на резултатите од акредитациите помеѓу ИАРМ и Европската организација за акредитација. Притоа ја истакна улогата на МАКЛАБ како партнер на ИАРМ во насока на промовирање на акредитацијата во Република Македонија како показател на квалитетот и компетентноста на македонските лаборатории и како предуслов за рамноправен настап на европските и светските пазари со останатите европски лаборатории.

Годишно собрание на МАКЛАБ за 2012

Годишното собрание на Здружението МАКЛАБ за 2012 година се одржа на 31.05.2012 во просториите на тренинг центарот на ИАРМ. На ова годишно собрание присуствуваа претставници како на членките на здружението така и на потенцијалните членови на МАКЛАБ при што беше усвоен Записникот од работната средба одржана во април 2012, одлуката за висина на чланарината и беше отворена дискусија во однос на Статутот на МАКЛАБ. Во оваа прилока на присутните претставници на лабораториите членки на МАКЛАБ свечено им беа врачени заверените пристапници.

Прва работна средба на МАКЛАБ

На 05.04.2012 година во просториите на Стопанска комора на РМ здружението МАКЛАБ организираше работна средба со цел да ги запознае сите заинтересирани со формирањето на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ, неговите цели, активности и програмата за работа. На оваа работна средба присуствуваа околу стотина претставници од државните институции, претставници од ИАРМ и ИСРМ, претставници од Високообразовните институции, лаборатории, приватни компании и лаборатории во состав на компаниите со што уште еднаш се потврди потребата од развивање на едно вакво здружение. Во текот на своето излагање, претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска ги запозна присутните со целите, плановите и програмата за работа на здружението при што ги повика сите заинтересирани да станат членови на здружението и активно да се вклучат во неговата работа. Формирањето на здружението МАКЛАБ беше поздравено од страна на директорот на ИАРМ, д-р Трпе Ристоски кој ја истакна важноста на здружението МАКЛАБ како партнер на ИАРМ во насока на промовирање на акредитацијата и унапредување на квалитетот на лабораториските услуги.

Потпишан е меморандум за соработка со КРОЛАБ

Меѓународната конференција “ Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Република Хрватска во организација на Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ, беше одлична можност за промоција на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ. Претседателот на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска преку своето поздравно обраќање на собирот ги запозна многубројните присутни со здружението МАКЛАБ, неговите цели и планирани активности со што го промовираше МАКЛАБ а истовремено и нашата држава во кругот на лабораториите од регионот и Европа. Во рамките на оваа конференција, претседателите на МАКЛАБ и КРОЛАБ потпишаа меморандум за заедничка соработка.