Како резултат на повеќемесечната интензивна комуникација со Секретаријатот на ЕУРОЛАБ,  Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ во месец Април 2013 година доби покана да стане член на Европската Федерација на Националните Асоцијации на Лаборатории.

Приемот на МАКЛАБ во ЕУРОЛАБ беше направен во рамките на Генералното собрание на ЕУРОЛАБ што се одржа од 8-ми до 10-ти Април во Вурден, Холандија. На барање на  Претседателот на ЕУРОЛАБ,  г-н Јири Собола, претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска се обрати пред собранието на ЕУРОЛА при што го презентираше Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ и неговата улога во здружувањето на лабораториите во република Македонија. Во оваа свечена прилика претседателот на ЕУРОЛАБ официјално го потпиша сертификатот за прием на МАКЛАБ во Европското семејство на Национални асоцијации на лаборатории.

Членството на МАКЛАБ во ЕУРОЛАБ е од исклучително значење за македонските лаборатории и нивниот настап на европскиот пазар, но и генерално за Република Македонија како земја кандидат за членство во Европската Унија.