Меѓународната конференција “ Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Република Хрватска во организација на Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ, беше одлична можност за промоција на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ. Претседателот на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска преку своето поздравно обраќање на собирот ги запозна многубројните присутни со здружението МАКЛАБ, неговите цели и планирани активности со што го промовираше МАКЛАБ а истовремено и нашата држава во кругот на лабораториите од регионот и Европа. Во рамките на оваа конференција, претседателите на МАКЛАБ и КРОЛАБ потпишаа меморандум за заедничка соработка.