Годишно собрание на МАКЛАБ

Согласно својата програма за работа, Здружението МАКЛАБ на 25 февруари 2015 година го одржа своето редовно годишно собрание. На собранието на Маклаб присуствуваше и Директорот на ИАРМ, г-н Трпе Ристоски која уште еднаш ја искажа подршката за работата на МАКЛАБ. Собранието го отвори претседателот на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска која ги запозна присутните со работата и активностите на МАКЛАБ во 2014 година. Притоа особено беше истакнато дека МАКЛАБ успешно ги оствари програмските задачи за 2014 година со особен акцент на организираните обуки во 2014 година и активностите за промоција на здружението на национален и интернационален план. Исто така во 2014 година беше продолжена активната соработка со ЕУРОЛАБ.

 

Дводневна обука на тема: „Интерни оценувачи по стандардите МКС EN ISO/IEC 17025:2006 и МКС EN ISO/IEC 19011:2012“

На 3 и 4 Декември 2014 во организација на МАКЛАБ се одржа обука на тема „Интерни оценувачи по стандардите МКС EN ISO/IEC 17025:2006 и МКС EN ISO/IEC 19011:2012“. Обуката предизвика големо внимание кај лабораториите во Република Македонија особено поради фактот за важноста на интерните проверки при секој циклус на акредитација. Предавачи на обуката беа претставници од Институтот за Акредитација на Република Македонија. Во текот на обуката слушателите имаа можност да се стекнат со знаења кои ќе им овозможат самостојно или во тим да спроведат интерна проверка, вклучувајќи идентификација на неусогласености, превземање на корективни мерки и идентификација на системските можности за подобрување.

 

Дводневна обука на тема „Интерни оценувачи по стандардите МКС EN ISO/IEC 17020:2012 и МКС EN ISO/IEC 19011:2012“

Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски Тела – МАКЛАБ на 16 и 17 декември 2014 година во Хотел ВИП Скопје организираше дводневна обука на тема „Интерни оценувачи по стандардите МКС EN/ISO 17020:2012 и МКС EN/ISO/IEC 19011: 2012“. Обуката првенствено беше наменета за идните интерни проверувачи од инспекциските тела кои се акредитирани по стандардот МКС EN/ISO 17020:2012 или планираат да се акредитираат, за постоечките интерни проверувачи кои сакаат дополнително да го унапредат своето знаење, но и сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со барањата на стандардот МКС EN/ISO 17020:2012 и со процесот на интерна проверка.
Покажаниот голем интерес за оваа обука е најзначаен показател за потребата од организирање на ваков тип на обуки и работилници со цел подигање на нивото на компетентност на лабораториите и инспекциските тела.

 

Учество на Конгресот на хемичари и технолози на РМ

Во период од 08 до 11 Октомври, МАКЛАБ учествуваше на Конгресот на хемичари и технолози на РМ, кој се одржа во Хотел Метропол Охрид.
Овој научен собир беше искористен како уште една одлична можност за промоција на Здружението помеѓу научната јавност во Република Македонија.

 

Еднодневна обука на тема „ Верификација и валидација на методите во лабораториите за тестирање, калибрација и медицинските лаборатории и пресметка и примена на мерната неодреденост “

На 07.07.2015 година во хотел Континентал МАКЛАБ организираше обука на тема „Верификација и валидација на методите во лабораториите за тестирање, калибрација и медицинските лаборатории и пресметка и примена на мерната неодреденост “. Како предавачи на обуката беа ангажирани експерти oд Институтот за акредитација на Република Македонија и од Бирото за метрологија. Оваа обука предизвика огромен интерес помеѓу македонските лабораториите за тестирање, калибрација и медицинските лаборатории. Со тоа уште еднаш се потврди потребата од константно надоградување на знаењата од областа на имплементација на системите за квалитет особено во делот за верификација и валидација на методите кој е од исклучителна важност за ефективни и компетентни тестирања и калибрации.

 

Обука “„CE-означувањето како предуслов за слободно движење на производите во ЕУ“

На 17 Јуни 2014 год.., Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше еднодневна обука на тема „CE-означувањето како предуслов за слободно движење на производите во ЕУ“

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Раководител на одделението за акредитација на лаборатории за тестирање и Билјана Додевска Стојановска – Државен советник за евро-интеграции и меѓународна соработка при Министерството за економија на РМ. Обуката како и досега беше организирана по принципот на тренинг курс при што учсниците преку предавањата имаа можност да стекнат нови и да ги унапредат своите дотогашни познавања поврзани со СЕ – означувањето на производите, политиките и целите.

На оваа обука земаа учество претставници од градежната индустрија, електро индустријата како и претставници од факултетите во Република Македонија, што е доволен показател за потребата од организација на ваков вид на обуки.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува поттик за МАКЛАБ во насока на остварување на дел од своите стратешки цели а тоа е организација на стручни советувања, семинари, предавања и обуки поврзани со примена на системи за унапредување на квалитетот како и меѓусебно известување, размена на искуства и дружење.

 

Одбележан ,,Светскиот ден на акредитацијата”

На покана на Институтот за акредитација на Република Македонија, Претседателот на македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела – МАКЛАБ, Мр. Магдалена Трајковска-Трпевска, присуствуваше на одбележувањето на Светскиот ден на акредитацијата 09 јуни .
На нaстанот поздравни обраќања имаа:
– г-дин Спиро Ристовски, министер за образование и наука во ВладатанаРепубликаМакедонија.
– м-р Дејан Бошковски, генерален директор на АД ,,Електрани на Македонија”,
– м-р БорчеРазмоски, ПретседателнаСоветотна ИАРМи
– д-рТрпеРистоски, директорна ИАРМ.
Со овогодинешната тема на меѓународниот ден на акредитација, ,,Акредитацијата: Обезбедување на доверба во снабдувањето со енергија“ се нагласува значењето и улогата на акредитацијата како и потребата за смалување на емисијата на гасови и потребата за воведување мерки во областа на енергетската ефикасност.
На настанот присуствуваа бројни гости, соработници, претставници на телата за оцена на сообразност, како и претставници од електроенергетскиот сектор и научно-образовните институции.
Во рамките на свеченоста бeа промовирани Годишниот извештај за работата на ИАРМ за 2013 година, наменска брошура на тематика на годинешното мото и видео материјалот за работата на Институтот.

Обука “Подготовка за акредитација на лаборатории по стандардот МКС EN ISO\IEC 17025:2006”

На 24 и 25 Април 2014 год., Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше дводневна обука на тема “Подготовка за акредитација на лаборатории по стандардот МКС EN ИСО/ИЕЦ 17025:2006.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Рководител на одделението за акредитација на лаборатории за тестирање и ѓ-а Анита Талаја борота – Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање.
Обуката како и досега беше организирана по принципот на тренинг курс при што учсниците преку предавања, вежби и размена на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани за стандардот МКС EN ISO/IEC 17025:2006.

На оваа обука земаа ушество 23 учсници од лабораториите за тестирање и калибрација од повеќе области што е доволен показател за потребата од организацијата на ваков вид на обуки.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува поттик за МАКЛАБ во насока на остварување на своите стратеши цели а тоа е унапредување на копетентноста и квалитетот на лабораториите и и нспекциските тела во РМ.

Обука “Управување со документација и компетентност на персоналот во медицински лаборатории согласно МКС EN ISO 15189:2013 и Национални барања за акредитација на медицински лаборатории“

Согласно предвидената програма за работа во 2014 година, Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше дводневна обука на тема“”Управување со документација и компетентност на персоналот во медицински лаборатории согласно
МКС EN ISO 15189:2013 и Национални барања за акредитација на медицински лаборатории“

Обуката предизвика голем интерес кај медицинските лаборатории во состав на Клиничките центри во Скопје, Битола и Штип, како и кај лабораториите во состав на приватните клиники.

Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, ѓ-а Анита Талаја Борота – Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање и Лирим Исахи – претставник на Министерството за здравсто на РМ.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува потврда за подршката која здружението ја дава во процесот на акредитацијата на медицинските лаборатории во РМ.

Годишно собрание на МАКЛАБ за 2014 година

На 12 февруари 2014 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ го одржа своето редовно годишно собрание за 2014 година. Во присуство на претставниците на членките на МАКЛАБ и претставници од ИАРМ, Претседателот М-р Магдалена Трајковска Трпевска ги презентираше активностите на Маклаб во 2013 година кои беа оценети како исклучително успешни од страна на присутните. Исто така беа презентирани и усвоени програмата за работа за 2014 година и планот за реализација на предвидените активности во 2014 година.