Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ во насока на промовирање на работата на здружението во регионот и пошироко учествуваше на Деветтата меѓународна конференција „Компетентност на лаборатории 2013„ која се одржа во Опатија, Република Хрватска од 6-9 ноември 2013 година. Во рамките на оваа конференција беше одржана и работилница наменета за регионалните здруженија на телата за оцена на сообразност на која присуствуваа претставници од национални здруженија, министерства и тела за акредитација од регионот. На оваа работилница, на која на покана на г-н Дејвид Норис, водител на проектот „Инфраструктурата за квалитет во земјите од Западен Балкан и Турција„ , претседателот на МАКЛАБ, м-р Магдалена Трајковска Трпевска одржа презентација со која го промовираше здружението пред присутните од земјите од регионот. Исто така на работилницата беа разгледувани и можности за формирање на регионална асоцијација на национални здруженија на тела за оцена на сообразноста која беше подржана од страна на присутните.