На 17 Јуни 2014 год.., Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски тела, организираше еднодневна обука на тема „CE-означувањето како предуслов за слободно движење на производите во ЕУ“
Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски – Директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Раководител на одделението за акредитација на лаборатории за тестирање и Билјана Додевска Стојановска – Државен советник за евро-интеграции и меѓународна соработка при Министерството за економија на РМ. Обуката како и досега беше организирана по принципот на тренинг курс при што учсниците преку предавањата имаа можност да стекнат нови и да ги унапредат своите дотогашни познавања поврзани со СЕ – означувањето на производите, политиките и целите.
На оваа обука земаа учество претставници од градежната индустрија, електро индустријата како и претставници од факултетите во Република Македонија, што е доволен показател за потребата од организација на ваков вид на обуки.
Позитивната евалуација на обуката од страна на учесниците претставува поттик за МАКЛАБ во насока на остварување на дел од своите стратешки цели а тоа е организација на стручни советувања, семинари, предавања и обуки поврзани со примена на системи за унапредување на квалитетот како и меѓусебно известување, размена на искуства и дружење.