Шеста Меѓународна Конференција “КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2024“

Со особена чест и задоволство искажуваме благодарност до учесниците на Шестата меѓународна конференција Квалитет и компетентност 2024 која се одржа од 26 до 28 октомври 2024 во хотел Силекс Охрид во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ. Конференција ја организиравме со цел промоција на квалитетот како имиџ на лабораториите и инспекциските тела и не радува фактот што во текот на конференцијата беа презентирани квалитетни достигнувања и испитувања на лабораториите од Република Северна Македонија и од регионот.

Особено не радува присуството на конференцијата на претставници од Здруженијата на национални лаборатории на Македонија, Хрватска, Швајцарија и Турција, телата за акредитација на Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и лаборатории за тестирање и калибрација од Македонија и регионот.

Со цел моментите поминати во рамките на конференцијата, како во текот на работните сесии така и во текот на неформалните дружења, да останат во заедничко трајно сеќавање на линкот подолу може да ги превземете фотографиите од Шестата Меѓународна конференција КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2024.

Со почит,
М-р Магдалена Трајковска Трпевска
Претседател на МАКЛАБ

Учество на меѓународната конференција “Компетентност на лаборатории 2019„ во организација на КРОЛАБ

Во 2019 година продолжи соработката со Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ. Во ноември 2019 претседателката на МАКЛАБ како член на програмскиот одбор учествуваше на меѓународната конференција „Компетентност на лаборатории 2019„ во организација на КРОЛАб која се одржа во Цавтат. Во рамките на обраќањето пред присутните беше презентирана работата на МАКЛАБ и плодната соработка помеѓу двете национални здруженија на лаборатории.

Четврта Меѓународна конференција “Квалитет и компетентност 2019“

Од 03-05 октомври 2019 се одржа Четвртата Меѓународна конференција “Квалитет и компетентност 2019“ во организација на МАКЛАБ. Вo текот на конференциските денови беа презентирани вкупно 21 труд од кои 16 преку усни презентации и 5 постерски презентации. Конференција беше организирана со цел промоција на квалитетот како имиџ на лабораториите и инспекциските тела. Во текот на конференцијата беа презентирани квалитетни достигнувања и испитувања на лабораториите од Република Северна Македонија и од регионот преку вкупно 21 труд од кои 16 усни презентации и 5 постерски презентации. Во рамките на конференцијата се одржа и панел дискусија на тема: “Транзиција во новиот стандард MKC EN ISO 17025:2018“.
На конференцијата присуствуваа претставници од голем број лаборатории, тела за акредитација, национални и европски здруженија на лаборатории за испитување и калибрација од Македонија, Хрватска, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Германија, Чешка, Словачка и други.

Галерија 1
Галерија 2

 

Обука на тема “ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ ЗА ЛАБОРАТОРИИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ И КАЛИБРАЦИЈА СОГЛАСНО ISO/IEC 17025:2017 “

На 24 и 25 јуни 2019 како продолжение на обуката одржана во месец април, Маклаб организираше обука на тема “ Интерни проверувачи за лаборатории за тестирање и калибрација согласно ISO/IEC 17025:2017. Обуката предизвика голем интерес кај лабораториите за тестирање и калибрација. На учесниците на обуката им беше овозможено интерактивно да учествуваат на обуката и преку директна комуникација со предавачите, примери и вежби имаа можност да го надградат своето знаење поврзано со новите барања на ISO/IEC 17025:2017.

Обука на тема “Како да се спроведе транзиција од ISO/IEC 17025:2005 во ISO/IEC 17025:2017 низ практични примери “

Во месец април 2019 МАКЛАБ организираше обука на тема “Како да се спроведе транзиција од ISO/IEC 17025:2005 во ISO/IEC 17025:2017 низ практични примери “. Предавачи на оваа обука беа експерти за имплементација на системи за квалитет од Република Србија и истата беше со голем интерес проследена од учесниците на обуката. Оваа обука беше дел од циклусот обуки во насока на поддршка на лабораториите за тестирање и калибрација за успешно имплементирање на барањата согласно новиот 17025.

 

Обука на тема „ Управување со ризици и обезбедување на валидни резултати во лаборатории за тестирање и калибрација согласно новиот MKC EN ISO/IEC 17025:2018 “

На 01 февруари 2019 година МАКЛАБ организираше обука на тема „ Управување со ризици и обезбедување на валидни резултати во лаборатории за тестирање и калибрација согласно новиот MKC EN ISO/IEC 17025:2018 “. Со оваа обука продолжи циклусот на обуки поврзани со имплементација на новините во ISO/IEC 17025:2017. На обуката учествуваа претставници од голем број на лаборатории за тестирање и калибрација кои искажаа потреба од организирање на вакви обуки со цел лабораториите адекватно и навремено да се подготват за транзицијата во новата верзија на стандардот.

Годишно собрание на МАКЛАБ

На 09 март 2018 година МАКЛАБ го одржа редовното годишно собрание. На собранието беа присутни поголем број претставници на членките на МАКЛАБ и истите од сртана на Претседателката на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска беа запознаени со активностите на МАКЛАБ во 2017 година и со предлог програмата за работа за 2018 година. Во текот на собранието беше развиена обемна дискусија за проблемите со кои се соочуваат лабораториите и инспекциските тела во текот на својата работа

 

Обука на тема „ Акредитација согласно ISO/IEC 17025:2017 – кои се новините и како истите да се имплементираат “

Согласно својата програма за работа во месец февруари МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема „ Акредитација согласно ISO/IEC 17025:2017 – кои се новините и како истите да се имплементираат “. Обуката се одржа на 08 и 09 февруари во хотел Порта Скопје. Предавачи на обуката беа водечки оценувачи од Институтот за акредитација на РМ. Оваа обука предизвика голем интерес кај лабораториите бидејќи беше прва обука во Македонија на која беа презентирани најновите измени на стандардот ISO/IEC 17025:2017 и истите беа основа за квалитетна интерактивна дискусија во однос на стандардот.

Трета Меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2017“

Во организација на МАКЛАБ и ИАРМ од 14-16 Септември 2017 г. во хотел Силекс, Охрид се одржа Третата меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2017„. На учесниците на конференцијата успешна и плодна работа им посакаа претседателката на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска, директорот на ИАРМ Д-р Трпе Ристоски, претседателот на ЕУРОЛАБ г-н Алваро Силва Рибеиро и претседателот на Кролаб г-н Давор Звиздич. Конференцијата официјално беше прогласена за отворена од страна на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г-н Јани Макрадули.
Во текот на конференцијата беа презентирани вкупно 30 авторски трудови од кои 17 преку усни презентации и 13 со постери. Презентираните трудови беа исклучително квалитетни и истите предизвикаа голем интерес кај учесниците на конференцијата. Во рамките на конференцијата се одржа и регионална средба на националните тела за акредитација.
Третата меѓународна конференција Квалитет и компетентност 2017 беше домаќин на 97 учесници од Р. Македонија, Србија, Хрватска, Португалија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција и Албанија.

 

Втора Меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2015“

Во организација на МАКЛАБ и ИАРМ од 17-19 Септември 2015 г. во хотел Метропол, Охрид се одржа Втората меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2015„.На учесниците на конференцијата успешна и плодна работа им посакаа претседателката на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска, директорот на ИАРМ Д-р Трпе Ристоски и претседателот на Кролаб г-н Давор Звиздич. Конференцијата официјално беше прогласена за отворена од страна на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г-н Стево Темелковски. Успешноста на конференцијата најмногу се отсликува во фактот дека истата беше посетена од страна на 120 учесници од Р. Македонија, Русија, Србија, Црна Гора, Хрватска, Бугарија, Турција, Косово и Албанија.