За нашата историја

За нашата програма

За здружението

Македонското здружение на лаборатотии МАКЛАБ е формирано во 2011 година како резултат на потребата од здружување на лабораториите во Р.Македонија со цел застапување на нивните заедничките интереси и промовирање и унапредување на нивната меѓусебна соработка.


МАКЛАБ е невладино и непрофитно здружение кое своето дејствување го базира врз основа на принципите, целите и задачите искажани во Статутот на здружението.


Стратегијата на здружението МАКЛАБ е насочена кон трајно унапредување на квалитетот и компетентноста на лабораториите и развивање на нивна меѓусебна соработка темелена на нивните заеднички интереси кои водат кон развој, унапредување на стандардите и квалитетот на севкупното живеење. Исто така, дел од стратегијата на здружението МАКЛАБ е организиран настап пред Институтот за акредитација на РМ, пред државните институции, приватниот сектор и стопанството како и овозможување на организиран настап пред Европските асоцијации од ваков вид.


Меѓусебната соработка на лабораториите во едно вакво здружение придонесува да се унапреди системот за квалитетот на секоја поединечна лабораторија, преку размена на информации и користење на заеднички ресурси.


Со тоа директно или индиректно се осигурува поддршка на стопанството за развој на услуги и производи, како и зајакнување на конкурентноста на пазарот.


Своите цели здружението МАКЛАБ ги остварува преку следните активности:


- Давање подршка на лабораториите за примена на системи за унапредување со квалитетот заради осигурување на квалитетот на испитувањата, мерењата и анализите


- Организирање стручни советувања, семинари, предавања и собири со цел меѓусебно известување и размена на искуства


- Соработка со Институтот за Акредитација на РМ со цел промовирање на значењето на акредитацијата во лабораториската пракса како клучен сегмент во обезбедување на квалитетот на лабораториските резултати.


- Соработка со научно-наставните институции, владини институции, трговски друштва кои обавуваат лабораториска пракса


- Издавање на научни и други стручни публикации со кои се дава придонес кон издавачката дејност од областа на делување на здружението


-Организација на национална шема на меѓулабораториски испитувања, мерења и анализи


-Издавање на гласила со известување за работата на Здружението и нејзините членки


- Превземање на активности со кои ќе се развива и подига на повисоко ниво потребата од стручно, компетентно и квалитеттно организирање и застапување на заедничките интереси на членовите на здружението и останатите субјекти кои се на директен или индиректен начин поврзани со дејноста на лабораториите


-Истакнување на значењето на потребата од квалитетна и стручна работа на лабораторијата-давател на услуги и правните и физички лица-корисници на услугите, создавање на кодекси на однесување и ниво на квалитет на лабораториските услуги


- Издавање на технички документи на здружението за заедничките ставови во врска со техничките прашања


- Развивање соработка со други национални и интернационални организации и тела како што се EUROLAB, ILAC и др.


Здружениото МАКЛАБ активно се залага за соработка со здруженија од ваков вид во регионот и пошироко. Резултат на оваа заложба е потпишаниот меморандум за соработка со Здружението на хрватските лаборатории CROLAB.

Цели и програма

Компетентноста на лабораториите за МАКЛАБ е од исклучителна важност во насока на обезбедување на квалитетни лабораториски услуги од различни области, со цел развој и подигање на стандардите и квалитетот на севкупното живеење.


Здружението МАКЛАБ своето делување го насочува кон остварување на следните цели:


- Здружување на лабораториите во Република Македонија во интерес на унапредување на квалитетот и компетентноста користејќи заеднички потенцијали,


- Развој на меѓусебна соработка на лабораториите на основа на заедничките интереси кои водат кон развој и подигање на стандардите и квалитетот на живеење во целина


- Промоција на ефективно тестирање, калибрација и мерни услуги од лабораториите во РМ за кои точноста и сигурноста во квалитетот се императив


- Обезбедување на размена на информации и искуства меѓу лабораториите во РМ и заедничко делување пред државните институции, трговските друштва


- Развивање на можност за организиран настап пред Европските институции и тела од ваков вид (EUROLAB, EURAHEM, ...)


Програмата за работа на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ вклучува:


- Превземање на активности со кои лабораториите за тестирање и калибрација во РМ ќе ја унапредат својата меѓусебна соработка


- Формирање на регистер на лаборатории


- Соработка со Институтот за акредитација на Република Македонија со цел промовирање на значењето на акредитацијата во лабораториската пракса


- Организирање на обуки поврзани со примена на системи за унапредување со квалитетот на испитувањата, мерењата и лабораториски анализи


- Организирање стручни советувања, семинари, предавања и собири со цел меѓусебно известување, размена на искустваи дружење.


- Учество на меѓународни конференции, обуки и семинари


- Соработка со други организации и здруженија од ваков вид во регионот и пошироко.

МАКЛАБ

телефон: ++389 72 205 808

++389 2 2448 058

e-mail: maklab@maklab.org.mk

МАКЛАБ