Во организација на МАКЛАБ и ИАРМ од 14-16 Септември 2017 г. во хотел Силекс, Охрид се одржа Третата меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2017„. На учесниците на конференцијата успешна и плодна работа им посакаа претседателката на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска, директорот на ИАРМ Д-р Трпе Ристоски, претседателот на ЕУРОЛАБ г-н Алваро Силва Рибеиро и претседателот на Кролаб г-н Давор Звиздич. Конференцијата официјално беше прогласена за отворена од страна на заменик министерот за животна средина и просторно планирање, г-н Јани Макрадули.
Во текот на конференцијата беа презентирани вкупно 30 авторски трудови од кои 17 преку усни презентации и 13 со постери. Презентираните трудови беа исклучително квалитетни и истите предизвикаа голем интерес кај учесниците на конференцијата. Во рамките на конференцијата се одржа и регионална средба на националните тела за акредитација.
Третата меѓународна конференција Квалитет и компетентност 2017 беше домаќин на 97 учесници од Р. Македонија, Србија, Хрватска, Португалија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Турција и Албанија.