Македонското Здружение на Лаборатории и Инспекциски Тела – МАКЛАБ на 16 и 17 декември 2014 година во Хотел ВИП Скопје организираше дводневна обука на тема „Интерни оценувачи по стандардите МКС EN/ISO 17020:2012 и МКС EN/ISO/IEC 19011: 2012“. Обуката првенствено беше наменета за идните интерни проверувачи од инспекциските тела кои се акредитирани по стандардот МКС EN/ISO 17020:2012 или планираат да се акредитираат, за постоечките интерни проверувачи кои сакаат дополнително да го унапредат своето знаење, но и сите оние кои сакаат подетално да се запознаат со барањата на стандардот МКС EN/ISO 17020:2012 и со процесот на интерна проверка.
Покажаниот голем интерес за оваа обука е најзначаен показател за потребата од организирање на ваков тип на обуки и работилници со цел подигање на нивото на компетентност на лабораториите и инспекциските тела.