V Меѓународна конференција

КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2022

Организирано од МАКЛАБ и ИАРСМ

Охрид 29.09 – 01.10.2022


V Меѓународна конференција

КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2022

Организирано од МАКЛАБ и ИАРСМ

Охрид 29.09 – 01.10.2022


round

ПОЧИТУВАНИ!

Во име на организациониот одбор, Ве покануваме да учествувате на Петтата Меѓународна конференција „КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2022„ во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ и Институтот за Aкредитација на Република Северна Македонија.


Со особен интерес ја организираме конференцијата по петти пат, со што сме чекор поблиску до нашата крајна цел: компетентна, ефикасна и одржлива структура за квалитет на национално, регионално и меѓународно ниво.


Ве охрабруваме да дадете и Ваш личен придонес кон оваа наша цел преку презентирање на трудови од Вашата стручна и професионална област.


Се надеваме дека V Меѓународната конференција “ Квалитет и компетентност 2022“ ќе ги надмине нашите очекувања, особено во сегментот на споделување на искуства и проширување на можностите за идна соработка.



Програмски одбор

"Членови на програмскиот одбор…"

M-р Магдалена Трајковска Трпеска

М-р Слободен Чокревски

Проф. Др. Сц. Давор Звиздич

Др. Трпе Ристоски

Елена Трпчевска

Сандра Станчески

Важни датуми

ДОСТАВУВАЊЕ АПСТРАКТИ

до 30.07-2022

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА УЧЕСТВО

до 25.08-2020

УПЛАТА НА КОТИЗАЦИЈА

до 25.08-2022

Tематски целини

  • Национална и европска законска рамка за обезбедување на квалитет Промовирање на акредитацијата како потврда на квалитетот
  • Основни принципи и развојни трендови во лабораториите за тестирање, калибрација и инспекциски тела , колку и како ги користиме модерните технологии
  • Квалитетот како имиџ на лабораториите за тестирање и калибрација, инспекциските тела и телата за сертификација – Предизвици и решенија –
  • Тестирање и контрола во животната средина, индустријата и земјоделството
  • Улогата на лабораториите во развојот на стопанството
  • Испитување и сертификација на производи наменети за домашниот пазар и за европските пазари


КОТИЗАЦИЈА

Котизацијата за учество на конференцијата изнесува:


  • За членки на МАКЛАБ 7500ден
  • За останати 9500ден (155 ЕУР)


Котизацијата вклучува: материјали за конференцијата, коктел за добредојде, свечена вечера, кафе паузи,


Уплата на котизацијата се врши на жиро сметка:

Денарска – 200002388318375 Стопанска банка АД Скопје


Инструкции за плаќање од странство:

STOPANSKA BANKA AD SKOPJE

"11 Oktomvri" br 7, 1000 Skopje, R. Makedonija

SWIFT: STOBMK2X

IBAN: MK07200002525927910 – EUR

Beneficiary: MAKLAB SKOPJE

Address: Bul. Kuzman Josifofski -Pitu 28/3-I13 1000 Skopje

со назнака

"за конференција Квалитет и компетентност 2022"


ПРИЈАВАТА МОЖЕТЕ ДА ЈА СИМНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК ИЛИ ДА ЈА ПОПОЛНИТЕ ONLINE.

ПРИЈАВАТА ЗАЕДНО СО УПЛАТАТА ИСПРАТЕТЕ ГИ НА maklab@maklab.mk

Сместување

Хотел Силекс

Сместувањето за учесниците на конференцијата е организирано во Хотел СИЛЕКС – Охрид

Ве мориме резервација за сместувањето да направите директно во хотел Силекс со назнака

за конференција КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2022

Контакт

МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА ЛАБОРАТОРИИ И ИНСПЕКЦИСКИ ТЕЛА МАКЛАБ

бул. Кузман Јосифовски Питу бр, 23/8 лок 13, Скопје – МКД

тел. 072 205 808; 2448 058

mail: maklab@maklab.mk

МАКЛАБ