Со особена чест и задоволство искажуваме благодарност до учесниците на Шестата меѓународна конференција Квалитет и компетентност 2024 која се одржа од 26 до 28 октомври 2024 во хотел Силекс Охрид во организација на Македонското здружение на лаборатории и инспекциски тела МАКЛАБ. Конференција ја организиравме со цел промоција на квалитетот како имиџ на лабораториите и инспекциските тела и не радува фактот што во текот на конференцијата беа презентирани квалитетни достигнувања и испитувања на лабораториите од Република Северна Македонија и од регионот.

Особено не радува присуството на конференцијата на претставници од Здруженијата на национални лаборатории на Македонија, Хрватска, Швајцарија и Турција, телата за акредитација на Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и лаборатории за тестирање и калибрација од Македонија и регионот.

Со цел моментите поминати во рамките на конференцијата, како во текот на работните сесии така и во текот на неформалните дружења, да останат во заедничко трајно сеќавање на линкот подолу може да ги превземете фотографиите од Шестата Меѓународна конференција КВАЛИТЕТ И КОМПЕТЕНТНОСТ 2024.

Со почит,
М-р Магдалена Трајковска Трпевска
Претседател на МАКЛАБ