На покана на Иститутот за акредитација на Република Македонија, Здружението МАКЛАБ се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на акредитација. Свеченоста се одржа на 12.06.2012 во хотел Александар Палас.Претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска пред присутните претставници на Владата на Република Македонија, Министерството за економија, претставници на ИАРМ делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, претседавачот на Комитетот за мултилатерални договори на Европската организација за акредитација (ЕА-МАC), претставници на Акредитациското тело на Србија, соработници и претставници на телата за оцена на сообразност и новинари го поздрави потпишувањето на договорот за взаемно признавање на резултатите од акредитациите помеѓу ИАРМ и Европската организација за акредитација. Притоа ја истакна улогата на МАКЛАБ како партнер на ИАРМ во насока на промовирање на акредитацијата во Република Македонија како показател на квалитетот и компетентноста на македонските лаборатории и како предуслов за рамноправен настап на европските и светските пазари со останатите европски лаборатории.