Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше еднодневна обука на тема „Одредување на мерна несигурност“. Обуката се одржа во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 10 декември 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните лаборатории и инспекциски тела да им овозможиме да се запознаат со одредувањето мерна несигурност. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со мерната несигурност
Предавач на обуката беше м-р Јелена Бебиќ која има повеќегодишно искуство во оддржување тренинзи, меѓу кои има оддржано 13 тренинзи на тема „Принципи и употреба на метерологијата во хемијата“ , потоа тренинг курс на тема „Мерна несигурност“ во Директоратот за мери и драгоцени метали како и тренинг курс на тема „ Мерна несигурност“, со посебен акцент на обработка на статички податоци, пресметки на мерна несигурност и методи за валидација кај лаборатории за калибрирање, во Српската агенција за заштита на природата, при Министерството за животна средина.
На оваа обука земаа учество учесници од повеќе акредитирани лаборатории и инспекциски тела од различни области што само уште еднаш ни потврди дека ваков тип на обуки се навистина потребни.