Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема „Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17020:2006 и запознaвање со измените во стандардот MKC EN ISO/IEC 17020:2012“. Обуката се одржа во просториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 30 и 31 октомври 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните инспекциски тела да им овозможиме поблиску да се запознаат со стандардот МКС EN ISO/IEC 17020:2006 и измените кои се донесени во стандардот. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со сите точки во овој стандард и измените кои се досени во стандардот.
Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски -директор на ИАРМ, г-н Дејан Стојковски- Раководител на одделението за акредитација на инспекциски тела и г-дин Теодор Шутаров – координатор за акредитација на испекциски тела како најкомпетентни во однос на презентирање на барањата на стандардот 17020.
На оваа обука земаа учество ученици од повеќе акредитирани инспекциски тела од различни области, како и и компании кои допрва сакаат да се акредитираат што само уште еднаш ни потврди дека ваков тип на обуки се навистина потребни.