Согласно својата програма за работа во 2012 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ организираше дводневна обука на тема „Примена на стандардот МКС ENISO/IEC 17025:2006 во лабораториите за тестирање и калибрација„. Обуката се одржа вопросториите на Тренинг центарот на ИАРМ на 04 и 05 јули 2012. Обуката беше организирана со цел на заинтересираните лаборатории да им овозможиме поблиску да се запознаат со стандардот МКС ENISO/IEC 17025:2006 и неговата примена во лабораториите за тестирање и калибрација. Обуката беше организирана по принципот на тренинг курс при што учесниците преку предавањата, практичните вежби и размената на искуства стекнаа нови и ги унапредија своите дотогашни познавања поврзани со:
– менаџментските барања согласно точка 4 од стандардот и
– техничките барања согласно точка 5 од стандардот.
Предавачи на обуката беа г-н Трпе Ристовски -директор на ИАРМ, г-н Драган Велевски – Раководител на одделението за акредитација на лаборатории за калибрација, г-ѓа Анита Талаја Борота – Раководител на одделение за акредитација на лаборатории за тестирање иг-н Владимир Јаневски – Координатор за акредитација на лаборатории за калибрација како најкомпетентни во однос на презентирање на барањата на стандардот 17025.
На оваа обука земаа учество ученици од лаборатории за тестирање и калибрација од повеќе области што е врвен показател за интересот во однос на ваков тип на обуки. Учесниците на обуката се здобија со сертификати за успешно учество на оваа обука.