Годишно собрание на МАКЛАБ за 2012

Годишното собрание на Здружението МАКЛАБ за 2012 година се одржа на 31.05.2012 во просториите на тренинг центарот на ИАРМ. На ова годишно собрание присуствуваа претставници како на членките на здружението така и на потенцијалните членови на МАКЛАБ при што беше усвоен Записникот од работната средба одржана во април 2012, одлуката за висина на чланарината и беше отворена дискусија во однос на Статутот на МАКЛАБ. Во оваа прилока на присутните претставници на лабораториите членки на МАКЛАБ свечено им беа врачени заверените пристапници.

Прва работна средба на МАКЛАБ

На 05.04.2012 година во просториите на Стопанска комора на РМ здружението МАКЛАБ организираше работна средба со цел да ги запознае сите заинтересирани со формирањето на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ, неговите цели, активности и програмата за работа. На оваа работна средба присуствуваа околу стотина претставници од државните институции, претставници од ИАРМ и ИСРМ, претставници од Високообразовните институции, лаборатории, приватни компании и лаборатории во состав на компаниите со што уште еднаш се потврди потребата од развивање на едно вакво здружение. Во текот на своето излагање, претседателот на МАКЛАБ М-р Магдалена Трајковска Трпевска ги запозна присутните со целите, плановите и програмата за работа на здружението при што ги повика сите заинтересирани да станат членови на здружението и активно да се вклучат во неговата работа. Формирањето на здружението МАКЛАБ беше поздравено од страна на директорот на ИАРМ, д-р Трпе Ристоски кој ја истакна важноста на здружението МАКЛАБ како партнер на ИАРМ во насока на промовирање на акредитацијата и унапредување на квалитетот на лабораториските услуги.

Потпишан е меморандум за соработка со КРОЛАБ

Меѓународната конференција “ Компетентност на лабораториите 2011“ што се одржа во Цавтат, Република Хрватска во организација на Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ, беше одлична можност за промоција на Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ. Претседателот на МАКЛАБ, М-р Магдалена Трајковска Трпевска преку своето поздравно обраќање на собирот ги запозна многубројните присутни со здружението МАКЛАБ, неговите цели и планирани активности со што го промовираше МАКЛАБ а истовремено и нашата држава во кругот на лабораториите од регионот и Европа. Во рамките на оваа конференција, претседателите на МАКЛАБ и КРОЛАБ потпишаа меморандум за заедничка соработка.