Учество на меѓународната конференција “Компетентност на лаборатории 2019„ во организација на КРОЛАБ

Во 2019 година продолжи соработката со Хрватското здружение на лаборатории КРОЛАБ. Во ноември 2019 претседателката на МАКЛАБ како член на програмскиот одбор учествуваше на меѓународната конференција „Компетентност на лаборатории 2019„ во организација на КРОЛАб која се одржа во Цавтат. Во рамките на обраќањето пред присутните беше презентирана работата на МАКЛАБ и плодната соработка помеѓу двете национални здруженија на лаборатории.

Четврта Меѓународна конференција “Квалитет и компетентност 2019“

Од 03-05 октомври 2019 се одржа Четвртата Меѓународна конференција “Квалитет и компетентност 2019“ во организација на МАКЛАБ. Вo текот на конференциските денови беа презентирани вкупно 21 труд од кои 16 преку усни презентации и 5 постерски презентации. Конференција беше организирана со цел промоција на квалитетот како имиџ на лабораториите и инспекциските тела. Во текот на конференцијата беа презентирани квалитетни достигнувања и испитувања на лабораториите од Република Северна Македонија и од регионот преку вкупно 21 труд од кои 16 усни презентации и 5 постерски презентации. Во рамките на конференцијата се одржа и панел дискусија на тема: “Транзиција во новиот стандард MKC EN ISO 17025:2018“.
На конференцијата присуствуваа претставници од голем број лаборатории, тела за акредитација, национални и европски здруженија на лаборатории за испитување и калибрација од Македонија, Хрватска, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Германија, Чешка, Словачка и други.

Галерија 1
Галерија 2

 

Обука на тема “ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ ЗА ЛАБОРАТОРИИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ И КАЛИБРАЦИЈА СОГЛАСНО ISO/IEC 17025:2017 “

На 24 и 25 јуни 2019 како продолжение на обуката одржана во месец април, Маклаб организираше обука на тема “ Интерни проверувачи за лаборатории за тестирање и калибрација согласно ISO/IEC 17025:2017. Обуката предизвика голем интерес кај лабораториите за тестирање и калибрација. На учесниците на обуката им беше овозможено интерактивно да учествуваат на обуката и преку директна комуникација со предавачите, примери и вежби имаа можност да го надградат своето знаење поврзано со новите барања на ISO/IEC 17025:2017.

Обука на тема “Како да се спроведе транзиција од ISO/IEC 17025:2005 во ISO/IEC 17025:2017 низ практични примери “

Во месец април 2019 МАКЛАБ организираше обука на тема “Како да се спроведе транзиција од ISO/IEC 17025:2005 во ISO/IEC 17025:2017 низ практични примери “. Предавачи на оваа обука беа експерти за имплементација на системи за квалитет од Република Србија и истата беше со голем интерес проследена од учесниците на обуката. Оваа обука беше дел од циклусот обуки во насока на поддршка на лабораториите за тестирање и калибрација за успешно имплементирање на барањата согласно новиот 17025.

 

Годишно собрание на МАКЛАБ за 2014 година

На 12 февруари 2014 година Македонското здружение на лаборатории МАКЛАБ го одржа своето редовно годишно собрание за 2014 година. Во присуство на претставниците на членките на МАКЛАБ и претставници од ИАРМ, Претседателот М-р Магдалена Трајковска Трпевска ги презентираше активностите на Маклаб во 2013 година кои беа оценети како исклучително успешни од страна на присутните. Исто така беа презентирани и усвоени програмата за работа за 2014 година и планот за реализација на предвидените активности во 2014 година.